Живот
18. November 2015 - 15:34

Вратата од пеколот е отворена - Се наоѓа во Туркменистан

Во срцето на пустината Каракум во Туркменистан, во близина на малото селце Дервезе, се наоѓа еден кратер. Но тоа не е било каков кратер, овој е и тоа како посебен. Зошто е така единствен ќе сфатите кога ќе ги видите следните фотографии.

Оваа дупка ја викаат „Врата на пеколот“, „Огнен кратер“...

Откриен е во 1971 година, геолозите биле загрижени дека полето со природен гас ќе има негативно влијание на соседните градови.

За да се запре ширењето на смртоносниот метан, тие го запалиле.

Пештерата се срушила и се формирал огромен огнен кратер.

Мислеле дека ќе гори само неколку дена, но кратерот гори веќе 40 години.