Врачување на наградите освоени на Литературниот натпревар за млади во Токио
Почесниот конзул на Јапонија во Македонија, Казу Лешниковска денеска ќе им ги врачи наградите на основните училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“, освоени на Меѓународниот литературен натпревар за млади, што се одржува во Токио, Јапонија.
Двете скопски основни училишта по петти пат успешно учествуваат на овој реномиран меѓународен литературен натпревар што го организираат Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија.
Натпреварот е во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од основањето на УНЕСКО (во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и осум земји-набљудувачи). Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.
Меѓу наградените на овој натпревар во својата возрасна категорија е и ученичката Елена Стојкоска од ООУ „Владо Тасевски“.
Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Градиме мир во нашите срца и души“ учествуваа 12.960 учесници од 148 земји.
Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 зборови и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштата (германски или англиски јазик).
Тимовите на основните училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ на натпреварот во Токио беа предводени од наставниците Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик.
Ново на Сител
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас