-->
-->
Врачени Петровденските награди за животно дело на општина Кочани
-->

На свечена седница на Советот на општина Кочани денеска на добитниците им беа врачени Петровденските награди се доделуаат за животно дело и особен придонес во развојот на општината.
- Годинава наградата за животно дело постхумно му ја доделивме на Иван Иванов, стопанственик од Кочани, поранешен директор на Иднустријата „Руен“, додека наградата за особен придонес во развојот на општината му ја доделивме на Танас Дедов, ликовен уметник од Кочани, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Во чест на празникот во црковниот храм „Св.Беликомаченик Горги“ се одржа утрена богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештено служители од Брегалничката епархија, а во градскиот парк пред мозаикот на светите Петар и Павле беше скршен славскиот колач.
Во чест на празникот Петровден се одржа и двомеч во шах и стрелаштво помеѓу спорстките екипи од Здруженијата на пензионери од Кочани и Општина Центар од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
