Врачена Нобеловата награда за мир за 2017 година
На свечена церемонија во седиштето на градската управа на Осло денеска на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје и беше врачена Нобеловата награда за мир за 2017 година.
Примајќи ја наградата, претседателката на Кампањата, Беатрис Фин апелираше за поддршка на Договорор за забрана на нуклеарното оружје, кој за да стапи во сила треба да го ратификуваат најмалку 50 земји потписнички. Досега Договорот е ратификуван само од четири држави.
- Договорот претставува избор - избор меѓу два краја: крај на нуклеарното оружје или крај за нас. САД - изберете ја слободата наместо стравот, Русија - избери го разоружувањето наместо разурнувањето, Велика Британија - избери го владеењето на правото наместо угнетувањето, порача Фин.
Таа посочи дека е неразумно да му се дозволи на нуклеарното оружје „да управува со светот“.
- Многумина од оние кои го критикуваат нашето движење велат дека ние сме ирационални, дека сме група идеалисти изолирани од светот и дека нуклеарните држави нема никогаш да се откажат од своето оружје. Но, ние порачуваме дека сепак сме единствениот рационален избор, истакна Фин.
Фин на церемонита беше придружувана од 85-годишната Јапонка, Сацуко Турлоу, која го прежеваала нападот со атомска бомба во Хирошима во 1945 година и целиот свој живот го посветила на борба за забраната на нуклеарното оружје.
Претседателката на Норвешкиот нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсон од своја страна изјави дека главниот аргумент на Меѓународната кампања е дека се додека постои нукеларно оружје, светот нема да биде безбеден.
- Тој аргумент го прифаќаат милиони луѓе, кои чувствуваат дека заканата од употреба на нуклеарното оружје денес е поголема од кога било досега, истакна Рајс-Андерсон.
На церемонијата на доделување на наградата не присуствуваа амасадорите во Норвешка на земјите кои поседуваат нуклеарно оружје - Велика Британија, Индија, Кина, Пакистан, Русија, САД и Франција.
Нобеловиот комитет реши да и ја додели овогодишната Нобелова награда за мир на Кампањата поради нејзината „активна улога во борбата против ширењето на нуклеарното оружје и за намалување на ризикот од нуклеарна војна“.
Покрај плакета и медал, Нобеловата награда за мир вклучува и чек на износ од девет милиони шведски круни (1,1 милиони долари).
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?