Вработувања во здравството - Ќе имаат ли предност договорците на дело?
Колку договорци на дело во здравствениот сектор ќе извисат и нема да добијат трајно вработување преку огласите кои веќе ги распишуваат установите? Има болници каде не бараат физиотерапевти иако такви со години работат хонорарно, а од 10 медиицнски сестри во колективен договор е предвидено вработување само за три. Бидејќи огласите се јавни и можат да конкурираат сите, од здруженијата на медицински сестри стравуваат дека нивниот кадар, разочаран ќе ја најде среќата надвор од државата.
-Многу простор за манипулација. Дури јавно се огласив до сите оние кои планираат да се појават на огласите да ги замолам човечки да не им ометаат на сестрите кои се во болниците и заслужуваат да бидат врботени. Да бидеме хумани и професионални и да не трчаме со политички реторики и национални пребројувања и да им ги земеме местата на овие сестри кои 5-6 години работат за 12 000 денари, вели Гордана Бешлиовска, претседател на Унија на здруженија на медицински сестри.
Наместо трансформација на работниот однос, надлежните одлучија преку огласи за вработување да им дадат шанса на многуте здравствени работници кои се со договор на дело. Иако од МЗ кажаа дека предност ќе имаат токму лицата кои досега работеа без здравствено осигурување, никој не гарантира дека некој трет нема да се најде на нивното место.
-Се собираат согласностите од финансии и за краток рок ќе бидат рапишани сите огласи, вели Фатмир Меџити, министер за здравство
Инаку околу 2000 медицински сестри, болничари, техничари и административен кадар со години работат со договор на дело за минимална плата и без здравствено осигурување.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар