Вработените во Водовод ги затворија вратите за да слават, граѓаните останаа пред заклучени врати во работен ден
Водовод ги заклучи вратите за граѓаните, ама затоа ги отвори прозорците за музика и добро расположение. Тие што денеска дојдоа да си ги платат сметките, останаа во чудо. Дојдовме бидејќи е работен ден, велат. Некои дури се обидоа да стапат во контакт со операторите во Водово , но залудно, бидејки и тие очигледно славеа.
Сител побара објаснување за денешниот инцидент, но ни беше одговорено дека благајничките каси денеска се затворени во 12 часот заради сложување и предавање на финансиските средства во банките. Граѓаните кои нашата екипа ги сними предпладне го демантираа ова.
На веб страницата на Водовод стои дека неработни денови се 31 декември и втори јануари, а работно време е напишано и на вратата на зградата. Тие што денеска сакаа да ги платат сметките, сепак ке ја почекаат следната 2023 година.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар