Македонија
5. May 2022 - 19:39

Вработените во матичните служби го продолжуваат штрајкот и преговороите

Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги. Едночасовната средба меѓу претставници на синдикатот и Министерот за правда, која следеше по протестот низ скопските улици, завршила без договор за зголемување на платите.

Од правда преку писмено соопштение велат дека платите на вработените во Управата ќе бидат усогласени со законот за минимална плата, а порамнување ќе добиеле и за март. На повисока плата можеле да сметаат и оние со повеќе работни обврски.

Иако не бил постигнат договор за зголемување на платите за 30 проценти, од синдикатот велат дека од утре ќе водат преговори со министерството за подготовка на нов колективен договор. Бараат да бидат издовени од останатите административци.

Вработените во Управата за водење матични книги штрајкуваат од минатата среда.