Македонија
3. April 2023 - 10:15

Вработените во Култура повторно на протест пред Влада за повисоки плати

Денеска од 13 до 15 часот, повторно пред Владата излегуваат на протест вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм.

Преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.