Вработените во ЈСП добија плати, градскиот сообраќај функционира нормално
– Вработените од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги добија платите за кои вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во главниот град. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски за МИА потврди дека платите се префрлени на сметката на вработените и дека јавниот градски превоз продолжува да функционира нормално.
– Платите се префрлени на сметките на вработените, продолжуваме да функционираме нормално. Платите се обезбедени за следните месеци, а со донесување на буџетот за 2023 година ќе биде збогатен буџетот на јавното претпријатие за неколку милиони евра, рече Стојановски во изјавата за МИА.
Вработените на ЈСП вчера протестираа со прекин на јавниот превоз во Скопје, барајќи да им биде исплатена задоцнетата септемвриска плата.
Поради настанатите проблеми со претпријатието, Советот на Град Скопје на вонредна седница вчера донесе одлука за прераспределба на средства за субвенции на ЈСП, со којашто практично се обезбедени средства за плати на вработените до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-

Радев: Одиме на избори
-

„Стоп за Усје“ повторно на блокада во среда
-

Трамп вели дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа
-

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност
-

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
-

Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска
-

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
-

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
