Балкан
21. јуни 2016 - 8:21

Вработените во атинското метро повторно ќе штрајкуваат

Вработените во атинското метро, електричната железница и трaмваите нема да работат од 22 часот вечерва, во рамките на протестите кои предизвикаа хаос во јавниот превоз во главниот град на Грција,јави дописникот на МИА од Атина.

Работниците протестираат против вклучување на операторот „Стаси“ на списокот на компании кои треба да се приватизираат и предупредуваат дека ќе продолжат со своите дејствија се додека грчката Влада не го запре процесот на приватизација.