Вработените масовно заминуваат од најголемата американска разузнавачка служба

Американската Национална безбедносна агенција (НСА) се соочува со сериозен недостиг на луѓе, пишува весникот „Вашингтон пост“, според кој искусни разузнавачи ја напуштаат НСА поради повисоките плати во приватниот сектор и променетите услови за работи.
Според весникот, од 2015 година до сега НСА, во која има 21.000 вработени, останала без неколку стотици компјутерски инжењери, кои се клучни за електронско шпионирање. Повеќето од нив заминале за подобро платени работни места во приватниот сектор.
НСА е најголемата од 17-те американски шпионски организации и има клучна улога во собирањето на електронски инфорамции и пресретнувањето и анализирањето на разговори и електронски пораки.
Според „Вашингтон пост“, за разлика од други владини служби кои се соочуваат со намалување на персоналот, во НСА работните места се пополнуваат на време, но најчесто со неквалификуван кадар, поради што одредени одделенија останале преполовени.
Организацијата се соочи со сериозни јавни критики откако нејзиниот офицер Едвард Сноуден пребега во Русија и објави доверливи информации за нејзините тајни програми, вклучително и за масовното шпионирање на американски граѓани. Разузнавачките служби во САД се соочија со нова рунда критики по изборот на Доналд Трамп за претседател, при што од Белата куќа честопати се критикувани поради нивната исполитизираност.
- На НСА и се случува смрт со мали илјада удари. Вработените си заминуваат „чопоративно“, изјавил неименуван поранешен офицер на НСА за „Вашингтон пост“.
Се проценува дека на американскиот пазар за труд се отворени над 270.000 работни места во областа на информатичката безбедност, за плата која честопати изнесува и до 200.000 долари годишно.
Ново на Сител
-

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ја отсликува силата и истрајноста на народот
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
