Вработена во градинка во Кочани и негувателка во Куманово заразени со Ковид-19!
Ковид-19 се шири низ градинките. Нови случаи на заразени се регистрирани во градинка во Кочани каде корона вирусот е потврден кај психолог во детската установа. Корона е потврдена и кај негувателка во кумановска градинка. Информациите за новите случаи ги потврдија од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека и во двете устнаови постапиле согласно насоките од Центрите за јавно здравје и во изолација се контактите со позитивните случаи.
Изминатите 10 дена откако градинките почнаа со работа, Ковид-19 беше потврден кај вработени во градинки во Битола, Скопје и Свети Николе, а заразата беше дијагностицирана и кај дечиња кои ги посетуваат детските установи. Три случаи беа потврдени во струмичка градинка каде децата се заразиле меѓу себе. Едно дете со позитивен тест на корона има и во скопска градинка во групата јасли.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана