Македонија
23. July 2021 - 16:48

Вработен во фабрика во Кочани починал додека извршувал работни задачи

48-годишен маж вработен во фабрика во Кочани починал додека извршувал работни задачи.

- На 22.07.2021 во 13.02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани, информира МВР. 

Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.