Македонија
4. January 2016 - 15:01

Вработен во ЕВН-Македонија заработи кривична за поткуп

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј. (55) од Скопје, вработен во ЕВН-Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Во периодот од крајот на 2014 до ноември 2015 година, пријавениот како раководител на ХЕЦ-Куманово иако бил должен да одобри наплата на доспеани фактури во повеќе наврати побарал и примил вкупно 9.500 евра од Љ.К. (55) од Куманово, сопственик на фирмата „Електро Куманово“ кој имал склучено спогодба со ЕВН Македонија за цените за редовно и вонредно сервисирање на енергетскиот систем, реконструкција и монтажа, велат од полицијата.