Македонија
11. April 2017 - 9:52

Вработен украл милиони од трезорот на Тутунска банка

 
Четириесет годишен вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот во 16:58 часот.
 
Од полицијата информираат дека вработението Б.С. од трезорот одзел 2 милиони франци и 270.000 евра, ги ставил во ќеса и без да биде забележан излегол од банката.
 
Полицијата трага по лицето.