Вработен на автобуска станица во Гостивар давал упатства на девојка како да ја ограби станицата
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.
Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар. Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите. Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.
Ново на Сител
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
