-->
-->
Возниацки со трофејот во Токио
-->

Поранешната тенисерка број 1 Карониле Возниацки ја освои првата титула во 2017 година откако во финалето на турнирот во Токио ја победи Анастасија Павличенкова со 2-0 во сетови (6:0 и 7:5). Ова за Возниацки беше седмо финале во оваа година, а претходните шест ги загуби. Таа воедно ја спречи нејзината конкурентка во финалето да го одбрани трофејот освоен лани.
За Возниацки ова беше 26.та титула на ВТА турнир, 21.ва на хардкорт подлога. Таа воедно е четврта по ранг од активните тенисерки по бројот на титули (повеќе имаат Серена Вилијамс, Венус Вилијамс и Марија Шарапова).
Возниацки во полуфиналето беше поуспешна и од најдобрата светска тенисерка во моментов Гарбине Мугуруза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
