Живот
13. December 2017 - 13:59

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: За неколку секунди од самоубиец стана убиец - во смрт го однесе и човекот што се обиде да ја спаси

Работник од обезбедување во Кина загина во вторникот кога се обидела да ја фати жената што скокнала од солитерот, а сето тоа е снимено од надзорна камера.

Чуварот, пенизонираниот војник идентификуван само како Ли, 43, настрадал кога врз него паднала жена, а трагедијата се случила во 8:30 часот наутро по локално време во северозападниот кинески град Ксијан, пренесува Асиа Вајер

Трагичниот момент е фатен на видео снимка. Тој го покажува чуварот кој се движи напред и назад со рацето обидувајќи се да ја фати жената, но на крајот го докусури тежината на нејзиното тело.

Стражарот патролирал во приземјето кога ја слушнал жената, на возраст околу 30 години, како гласно се расправа со друго лице. Гледал како се качува на прозорецот во обид да изврши самоубиство.

-Не скокајте!, викнал чуварот според зборовите на сведоците.

Двојката е прогласена за мртва на самото место.

Зад Ли останаа шестгодишна ќерка и неговие родители кои се во 80-тите години.