Живот
10. јуни 2017 - 9:45

Вознемирувачко видео: Жена гледајќи во својот телефон падна во отворена шахта длабока неколку метри

 
Една шеесет и седум годишна старица од Њу Џерси целосно го вознемири светот откако на социјалните мрежи се појави видео снимка од нејзиниот пад во отворена шахта длабока неколку метри.
 
Старицата гледајќи во својот мобилен телефон не ја забележа отворената врата на шахтата на која се сопна и падна во неа. Минувачите кои се обидоа да и помогнат сепак тоа не го сторија на време и таа целосно пропадна во шахтата.