Свет
19. March 2016 - 17:34

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимен бомбашот-самоубиец непосредно пред експлозијата!

Најмалку пет лица загинаа, а 36 се повредени, меѓу кои и 12 странски државјани, во самоубиствен бомбашки напад во главниот комерцијална и туристичка зона во центарот на Истанбул, рече турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу.
 
Тој додаде дека седум од повредените се во тешка состојба, а израелското Министерство за надворешни работи пренесе дека меѓу ранетите има и нивни државјани.
 
-Напаѓачот ја активирал бомбата пред да стигне до целта бидејќи го исплашила полицијата, изјавил официјален претставник, додавајќи дека бомбашот го планирал нападот каде има повеќе луѓе.