ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Момче згреши на тренинг, тренерот го шутна во глава
Руските медиуми објавија вознемирувачко видео на кое се гледа како тренер по боречки вештини со нога во глава удрира момче, свој ученик.
Како што јавуваат тамошните медиуми, тренерот е Иван Кирилко, кој имал приватно училиште за боречки вештини, а откако ова видео станало вирално, неговата кариера се чини дека е завршена.
Инцидентот се случил откако едно од двете момчиња кои тренирале заедно, трганел кон погрешната страна, по што едното од нив доби жесток удар со нога во главата.
Медиумите во Русија пишуваат дека инцидентот се случил во март годинава, но дури сега излегол во јавноста. Момчето минало со полесни повреди кои му биле констатирани откако веднаш по тренингот бил пренесен во болница.
Родителите на момчето не покренале тужба против тренерот, бидејќи тој ветил дека ќе даде отказ, но тоа не го направил.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО