Свет
18. March 2016 - 20:12

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Џихадисти брутално егзекутирале Руси, се очекува одмазда на Путин!

Членови на Исламската држава тврдат дека убиле петмина руски војници во судири во близина на античкиот сириски град Палмира.
 
- Војниците на калифат, со Божја благодет, убија пет руски војници и шест лченови на сириската армија - соопшти Исламската држава.
 
Екстремистичката организација тврди дека убила и неколку членови на либанската шиитска група Хезболах во судири во истито град.
 
Агенцијата АФП пренесува дека Сајтот „Амак“, поврзан со Исламската држава, објавил слични тврдења.
 
Токму на овој сајт е објавена видео-снимка на кое се гледа крваво човечко тело во униформа.
 
Се гледа и пушка „AK-74M“, шлем, компас, како и пакување на кое е напишано нешто на руски јазик.