-->
-->
Вознемирувачко - Руската Баба канибал покажа како ги отсекла и варела главите на своите жртви
-->
Руската пензионерка, познатa уште по прекарот “бабата Мевосек”, даде вознемирувачка изјава како во кеса ги варела отсечените глави и раце на својата последна жртва, откако претходно го масакрирала нејзиното тело, соопшти “Комсомолскаја правда”.
68-годишната Тамара Самсонова од Санкт Петербург е осомничена за убиство на најмалку 11 лица во рок од две децении. Таа на истражителите им раскажала како и ставила средство за спиење во храната на 79-годишната Валентина Уланова, по што жената паднала на подот. Мотивот за злосторството на Тамара е неподготвеноста на Валентина да го дели станот со неа.
“Дојдовме дома, а потоа и ставив цело пакување Phenazepamum – 50 апчиња – во салатата. Тоа и се допадна многу. Се разбудив околу 2:00 часот, а таа лежеше на подот. Почнав да ја сечам на парчиња “, раскажа убиецот на истражителите. “Тешко ја однесов до бањата, таа беше тешка. Затоа сето тоа го направив во кујната, каде што таа лежеше “, речеТамара.
За време на на реконструкцијата на убиството, Тамара им раскажала уште на иследниците дека го сечела телото на Уланова со пила кој таа ја позајмени од соседите пред неколку години. Прво и ја отсеков главата, која ја ставив во голем сад и ја сварив.
Според една од верзиите Тамара е канибал, но од полицијата претпоставуваат дека бабата ја сварила главата и рацете на жртвата за да го скрие идентитетот кога ги исфрлила остатоците.
Тамара исто е раскажала како е телоот на Уланова во завеси го ставила во кеси пред да го изнесе и исфрли во близина на езерцето. “Успеав даги однесам колковите и остатокот од нозете само до најблискиот двор”, пишува весникот, кој дошол со признанието на бабата. “Сварено главаа и рацете на жената, како и сите внатрешни органи се уште не се пронајдени од полицијата. На Тамара и биле потребни два часа за да се справи со сè “, пишува уште весникот.
Самсонова уште им признала на полицајците дека убила уште двајца станари, кои живееле заедно со неа во минатото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски