ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Нуркачите го извлекуваат телото на Андреј од Дрина

Телото на словенечкиот скокач Андреј Беуц е пронајдено денеска во Дрина кај Козлук, на 15 километри низводно од Зворник.
Како што јавува РТРС телото на Беуц околу 11 часот го забележал Абдула Хасановиќ, риба род Козлук додека шетал покрај Дрина. Тој веднаш ги повикал надлежните служби кои утврдија дека се работи за Андреј Беуц.
-Дојдов со кучето до градината, но ми беше необично што не се тргаше од брегот. Лаеше и кога дојдов до него видов нешто што во прв момент ми личеше на кукла. Кога подобро погледнав сфатив дека се работи за тело. Веднаш ја алармирав полицијата и тие брзо стигнаа. Телото беше на многу непристапно место, рече Хасановиќ.
Од МВР на Република Српска е потврдено дека е пронајден машки труп кој на себе имал само купаќи. Во потрагата за Беуц кој исчезна на 7. август по скокот во Дрина во 16.50 часот, учествуваа и нуркачи од Словенија.
Беуц по скокот од висина од 20 метри од мостот Крал Александар Први Караѓорѓевиќ се појавил на површината, а потоа исчезнал во водата. Спасителите со чамците не успеаја да му помогнат. Беуц кој бил професионален падобранец, настапи на натпреварот за скокови кој се организираше во рамки н аманифестацијата „Зворничко лето“.
Ново на Сител
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
-

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад
-

Без струја дел од општина Кисела Вода
-

Променливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
