-->
-->
Вознемирувачко: Ги натерале да се борат помеѓу себе, па го убиле поразениот!
-->
Едноминутно видео снимено со мобилен телефон прикажува двајца мажи, кои се приморани меѓусебно да се борат за својот опстанок. Се верува дека снимката е направена во јужно Мексико, во шума, далеку од очите на законот, регионот Тера Калиенте.
Мажите се опколени од членови на бандата кои држат пиштоли.
Додека тие двајца се тепаат, се слушаат членовите на бандата кои им дофрлаат и ги охрабруваат.
По само 40 секунди, борбата е запрена од човек кои носи автоматска пушка и му кажува на човекот со црвена маица да клекне на земја.
Егзекуторот го наслонува пиштолот на тилот пред да заврши видеото. Локалните медиуми, како „La Policiaca” уверуваат дека човекот навистина е убиен.
Крумчарењето дрога и убиствата се секојдневие во Мексико. Минатиот месец седмомесечно бебе стана најмладата жртва на војната помеѓу бандите зашто заедно со родителите е убиено во близина на супермаркет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници