Вознемирувачки снимки од убиството на Ангел Петковски пред 4 години!

За прв пат по четири години се објавуваат дел од снимките од случајот „Матурант“, на кои се гледа убиството на матурантот Ангел Петковски. Тој почина на рацете на неговиот татко, на 19 мај 2014. Нему му беше нанесена тешка повреда со нож, во пределот на градите, од неговиот врсник Насер Ештрефи, по физичката пресметка зад Европската очна болница, во скопската населба Ѓорче Петров.
Според исказите дадени во суд, околу 17 часот Насер го украл велосипедот од домот на матурантот, за потоа таткото и синот да го бркаат се додека не го пречекале кај шеталиштето на реката Вардар. Дедото на Насер, Иљми Нухиши, вели дека тепачката траела 26 секунди.
„Тој ме фати за врат и ме удри со тупаница од зад грб. Кога почнав да бегам, другиот ме удри со стап по глава и ме бутна. Ме удираше без престан. Тогаш сфатив дека се татко и син, бидејќи му велеше удри го тато, удри го. Сакав да станам и да избегам, но ме удираа. Му го земав ножот, гледајќи и на смртта во очи, го земав ножот, замавнав со раката нагоре, од каде што доаѓаа ударите. Без да гледам, вториот пат почувствував крв во рацете и избегав. Ова го кажа мојот внук пред судот каде што беа присутни и роднините“, реле Иљми Нухиши, дедото на Насер.
Според снимките од безбедносните камери по конфликтот, матурантот Ангел и неговиот татко Сашо се враќаат кај автомобилот, но поради нанесената повреда на Ангел се упатуваат кон болницата. Поради крварењето, Ангел губи свест и паѓа на земја. Сега, 72-годишниот дедо на обвинетиот, Иљми Нухиши, вели дека неговиот внук сам се предал во полиција и изјавил дека делото го извршил во самоодбрана, одземајќи му го ножот на Ангел.
„Јас барам правда, зошто да биде 14 години во затвор. Тој го уби, но пред тоа тие сакале да го убијат внук ми. Господ не сакал да биде убиен, но државата му го зема здравјето со 14 години затвор. Да видат дека момчето не е виновно, не е така како што е осуден. Момчето не го направи тоа намерно, дури немал ни нож со себе. Јас барам случајот да се преквалификува во самоодбрана“, Иљми Нухиши, дедото на Насер.
За случајот наречен Матурант, во судскиот процес кој траеше помалку од 14 месеци, во Основен Суд Скопје, обвинителот Дарко Јакимовски, покрена обвинение за убиство на 18 годишното момче. Судијата Илија Трпков му изрече казна од 14 години затвор на Насер Ештрефи, кој сега се наоѓа во затворот Идризово. Предметот е предаден на второстепен суд, но во пресудата на 18 февруари 2016 година од Апелациониот суд се вели дека на Насер, обвинет за убиство, не му се намалува казната. Според родините, случајот е испратен во Врховен суд, но од таму, сè уште нема епилог.
tv21.mk
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
