Вознемирувачки снимки: Евакуација на ранети војници од Азовстал
На Украина и требаат живи украински херои кажа претседателот на Украина, Володимир Зелеснки во неговото видео обраќање на Фејсбук откако доцна синоќа се вршеше евакуација на Украинци од фабриката за челик Азовстал.
Како што пренесуваат медиумите, станува збор за околу 50 повредени Украинци, кои доцна синоќа беа евакуирани со автобус од фабриката за челик Азовстал, а денес веќе се пристигнати во градот Новоазовск, кој е под руска контрола. Новоазовск е на околу 50 километри источно од Мариупол, а војниците се префрлени во тамошната болница.
Други 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север. Тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници за да се вратат дома, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Евакуацијата на повеќе од 260 украински војници од Челичана ја потврди и заменик-министерката за одбрана Ана Малар, објави Sky News.
Таа изјави дека 53 тешко ранети војници се префрлени во болницата во Новоазовск, која е под руска контрола.
Ново на Сител
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
