Балкан
15. January 2016 - 8:39

Вознемиреност во Атина по најавата за неликвидност на државата во февруари

Вознемиреност во Атина предизвикала изјавата на претседателот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг кој на вчерашната седница на Еврогрупата во Брисел предупредил дека Грција може да остане без свежи пари во февруари ако итно не почне првата проверка од страна на кредиторите за нејзината програма за заживување на економијата, објави Етнос.

- Ако тоа не се случи, прашањето за ликвидноста ќе почне да притиска во следните месеци во кои Атина треба да исполни обврски за четири милијарди евра, навел Реглинг.

Тој појасни дека Грција добила 10 милијарди евра за рекапитализација на банките, но 6,4 милијарди евра од таа достапна за неа сума не и е потребна на државата.

Шефот на Европскиот стабилизациски механизам предупреди дека проблемот со ликвидноста на Грција може да биде одново „вознемирувачки“ во февруари. За да се избегне тоа, тој бара итна оценка од кредиторите за исполнувањето на програмата.