Возило влетало во маркет, повредени седум лица
Еден пешак и уште шест лица вработени во маркет се повредени вчера откако возило влетало во маркетот, во Скопје на бул.„Македонско Косовска Бригада“.
Како што информира МВР во дневниот Билтен, настанот се случил вчера изутрина во 07:40 часот кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје.
- По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување, наведуваат од МВР.
По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на итна помош биле пренесени во ГОБ„8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
Екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната