-->
-->
Возило излета од автопатот Тетово-Гостивар, нема повредени
-->
Возило марка Југо со скопски регистерски таблички изутрината излетало од автопатот Тетово-Гостивар, во близина на тетовската наплатна рампа, по што се превртело. Со возилото управувал 76-годишен скопјанец, а во возилото била и неговата сопруга, кои не се повредени, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој посочи дека полицијата извршила комплетен увид по што ќе се утврдуваат причините поради кои дошло до излетувањето.
– За среќа нема повредени при излетувањето на возилото. Повикана е Итна медицинска помош, чија екипа дошла на местото, но немало потреба од интервенција. Причинета е само материјална штета, рече Јосифоски.
Инаку, тетовската сообраќајна полиција во последната контролна активност завчера за само неколку часа откри 23 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Тие добиле мандатни платни налози, а паричната глоба, зависно од пречекорувањето, се движи од 20 до 400 евра во денарска противрденост, која може да биде заменета и со впишување на 15 до 65 негативни бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација