-->
-->
Возило излета од автопатот Тетово-Гостивар, нема повредени
-->
Возило марка Југо со скопски регистерски таблички изутрината излетало од автопатот Тетово-Гостивар, во близина на тетовската наплатна рампа, по што се превртело. Со возилото управувал 76-годишен скопјанец, а во возилото била и неговата сопруга, кои не се повредени, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.Тој посочи дека полицијата извршила комплетен увид по што ќе се утврдуваат причините поради кои дошло до излетувањето.
– За среќа нема повредени при излетувањето на возилото. Повикана е Итна медицинска помош, чија екипа дошла на местото, но немало потреба од интервенција. Причинета е само материјална штета, рече Јосифоски.
Инаку, тетовската сообраќајна полиција во последната контролна активност завчера за само неколку часа откри 23 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Тие добиле мандатни платни налози, а паричната глоба, зависно од пречекорувањето, се движи од 20 до 400 евра во денарска противрденост, која може да биде заменета и со впишување на 15 до 65 негативни бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
