Воздухопловни активности на „АП Криволак“ како дел од заедничката обука со Вооружените сили на САД

Во рамки на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, со кои се изведува обука во координација помеѓу копнените и воздухопловните сили, денеска и утре на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализираат летачки вежбовни активности со воени воздухоплови од Вооружените сили на САД.
Како што соопштија од МО, во текот на вежбовните активности од страна на два воени воздухоплови „Ф-18“, од состав на воената морнарица на ВС на САД ќе се изведуваат прелети со кои се врши проверка и симулација на способностите за давање блиска воздушна поддршка и здружена воздухопловна контрола преку системот на навигационо наведување на копнени цели од воздух.
Претходно вакви воздухопловни активности за првпат беа изведени како дел од завршните активности на вежбата „Нептун страјк“ која се изведуваше во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 5 февруари годинава.
-Како земја членка на НАТО која е целосно вклучена во системот на воздухопловно патролирање, ја потврдуваме нашата способност за учество во ваков вид на здружени вежбовни активности со армиите на НАТО, интероперабилноста и способност за интегрирање на воздушниот систем за одбрана како и потврда на можностите на полигонот Криволак, се вели во соопштението од МО.
Активноста се изведува согласно одлуката на 61 седница на Владата со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон Криволак.
Ново на Сител
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
