Возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ доби казна затвор од две години и три месеци

Единствена казна затвор од две години и три месеци одреди судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а тој избега.
На обвинетиот, судијката му одреди и казна забрана за управување со моторно возило во период од три години со што времето поминато во затвор не се смета во казната и му ја продолжи и мерката куќен притвор сѐ до правосилноста на пресудата.
Обвинетиот Зеќири претходно пред Судот го призна делото кое му се става на товар, но рече дека избегал од страв да не биде тепан.
Според обвинението од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетиот се товари за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ по член 301 став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
