Возачот кој го превезувал Палчо до Турција: Ме искористи, не знаев дека е убиец
Стефан Димковски, возачот кој го превезувал Палчо до Турција не знаел дека превезува бегалец кој во Македонија се бара за двојно убиство. Порталот Скопје 1 повикувајќи се на информации од истрагата пишува дека транспортерот на Палевски се противел на мерката притвор и на приведувањето на граничниот премин. Изворите на порталот тврдат дека тој на полицијата детално и раскажал за патувањето на Палевски.
„Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.“ – пишува Скопје 1.
Транспортерот на Палчо, возел бел џип „Ланд ровер“. Тој го возел осомничениот преку граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). Нему му е изречен притвор од 48 часа.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами