-->
-->
Возач се обидел да удри двајца полицајци, не застанал на даден знак бидејќи превезувал дрва
-->
На локалниот пат кон село Богојци возач се обидел да удри во двајца полициски службеници, откако претходно полицијата дала знак за запирање.
– Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица. Откако возачот не застанал, тој се обидел да удри во двајца полицајци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека повредени лица нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
