-->
-->
Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар
-->

Вработен на патарина е нападнат од возач кој воедно не сакал да плати билет, информира тетовската полиција. Инцидентот се случил на наплатна станица на автопатот Тетово-Гостивар во текот на вчерашниот ден.
– Во СВР Тетово вчера во 20 часот и 30 минути, Б.В.(29) од тетовска Брвеница, вработен на наплатна станица Тетово-Гостивар, пријавил дека еден час претходно на работното место физички бил нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина. Лицето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, информираат од тетовската полиција.
Сега мерките на СВР Тетово се насочени кон пронаоѓање на пријавениот за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
