Возач на БМВ пружил пасош на цариник, а овој во истиот момент повикал засилување! Веднаш го уапсиле, а еден детаљ открил се!
Кога возач на БМВ со австриски регистерски таблички застанал на Хоргош во Србија, цариникот помислил дека работата како со повеќемина ќе се заврши рутински, и дека се ќе биде готово за неколку минуи, колку што трае регуларен протокол. Не ни помислил дека еден детаљ тој вторник ќе го направи хеерој меѓу колегите.
Благодарение на еден детаљ кој го видел цариникот кој бил на смена, во вторникот попладне на граничниот премин Хоргош спречено е криумчарење на три скапоцени рачни часовници од познати марки, вредноста се проценува на 55.000 евра.
Часовниците се обидел да ги прокриумчари 27-годишен албански државјанин, кој на влезот на царинската контрола пристигнал околу 16:45, возејќи автомобил БМВ со австриски регистерски таблички. Тој на цариниците им рекол дека нема ништо да пријави за контрола.
Меѓутоа цариникот го забележал скапоцениот рачен часовник на неговата рака додека му го пружал пасошот од автомобилот.
Заблагодарувајќи се на добрата проценка и интуиција, одлучил детално да го провери.
Следела детална проверка и во еден куфер пронајден е рачен часовник „Rolex Day-Date“, вреден 24.500 евра. Во друг куфер пронајден е уште еден машки рачен часовник „Audemars Piguet Royal Oak“, чија вредност е 7.500 евра и празна кутија со гарантен лист и фактура за рачен часовник „Rolex Oyster Yachtmaster“. Часовникот кој недостасувал во пронајдената кутија бил на раката на возачот на БМВ-то.
Вкупната проценета вредност на скапоцени часовници преминува третина од вредноста на автомобилот кој исто така привремено е задржан.
Ново на Сител
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец
-
Малолетници обиле багер, се возеле и удриле во автомобил во Центар | ФОТО
-
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети тоа ќе ја зголеми нивната вмешаност во конфликтот
-
Загаденоста на воздухот во Њу Делхи 60 пати над максималниот праг, училиштата затворени, граѓаните се гушат
-
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел