Македонија
1. April 2018 - 13:29

Возач на автобус завршил во болница – му го пресекле патот и го претепале

Возач на автобус бр. 67 на ЈСП е нападнат вчеравечер од неколку лица при тргнување од Зелениково кон Транспортен центар во Скопје. На нападот му претходело недоразбирање околу сообраќаен прекршок.

По нападот возачот А.Д. (36) е пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Во соопштението од полицијата е наведено дека вчера во 18:20 часот на влез во село Студеничани дошло до недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возачот А.Д. (36) од Скопје  и непознати лица со патничко возило  „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, кои притоа му упатиле закани.

Околу 18:55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило „Шкода Фелиција“ и џип - непозната марка, од кои излегле повеќе лица, кои насилно ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот. 

Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25)  и А. Г. (24)  од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица - Драчево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.