Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник

Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот.
-Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот, се наведува во соопштението од МОН.
Всушност, како што се појаснува во соопштението, четботот обезбедува поефикасна и побрза обработка и структурирање на документација, со што, креира сеопфатна база на знаење за користење на системот Е-дневник на македонски и албански јазик, а тоа овозможува лесен пристап до релевантни информации и поддршка за корисниците.
-Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на користењето, велат од МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
