-->
-->
Воспитувачката Викторија веднаш ја казниле откако ги виделе нејзините фотографии на Инстаграм
-->
После обвиненијата на родителите, управата на градинката се сложила дека фотографиите се непримерни и побарале од неа да ги избрише. Таа сега бара нова работа.
Воспитувачка од градинка била принудена да ја напушти својата работа поради своите фотографии на Инстагра, кои одредени родители ги оцениле како премногу секси, пренесува Сан.
26 годишната Викторија Демешкина од Екатерибург во Русија претрпела критики од родителите на децата кои ги чувала. Тие истакнале дека нејзините фотографии се провокативни и да позите и изразите на лицето имаа сексуална конотација.
На една фотографија носи бела маица која во прв план го истакнува нејзиното деколте.

Мајката Светлана, која ги пронашла фотографиите, истакнува дека случајно се нашла на нејзиниот профил.
- Нејзините пози и изрази на лицето на фотографиите имаат сексуална конотација, па таа не е погодна личност да работи со деца. Начинот на кој таа изгледа во фустани може лошо да влијае на децата, кажа таа.
Бесот се проширил и на другите родители кои после тоа се жалеле на управата на градинката, пренесува Сан.
После обвинувањата, управа се сложила дека фотографиите се непримерни и побарале од воспитувачката да ги избрише.

Викторија кажала дека немала намера нејзините фотографии да бидат од сексулна природа.
- Фотографиите прикажуваат одредени моменти во мојот живот. Тие немаат никакви скриени конотации. Не се гледа на нив ништо што би било спорно.
Кога одбила да ги избрише фотографиите, градинката одлучила да не и го исплати месечниот бонус. Тоа е одредена сума на пари со која на воспитачките им се надохнадуваат нивните мали плати. Викторија вели дека никогаш не споделувала фотографии со децата за кои се грижела и истакнува дека сега бара нова работа.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје