Воспитувачка и 7-месечно бебе - нови случаи во Скопје на заболени со морбили
Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување.
– Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти – информираат во Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата на 3 јануари досега, вакцинирани се вкупно 4.387 лица. Само утрово до 9 часот вакцина примиле 42 пациенти.
Во врска со стравувањата дека епидемијата ќе земе замав со стартот на второто полугодие, во министерството велат дека засега не се очекуваат драматични промени.
– Само пет отсто од училишните деца не се вакцинирани со МРП. Тоа е мал процент и не очекуваме да направат ескалација. Но сите деца се повикуваат на вакцинација. Инаку најодговорно тврдиме дека вакцините се во рок, никогаш немало проблем со роковите и тие се со европски квалитет, проверени се и се со сите сертификати – велат во министерството.
На почетокот на епидемијата, кога во декември се појавија првите случаи на заболени во градинката во Радишани, одговорните излегоа со податок дека во главниот град има 15.000 невакцинирани деца.
Ново на Сител
-
Кузеска: Пописот е важен за развојот на државата, не смее да се прекине
-
Не се надевајте дека Бугарија ќе ги спушти гаќите по притисокот од новото раководство во САД, кажа Каракачанов
-
Мицкоски: Нека не се заканува власта, лага е дека за непопишување ќе се оди во затвор и кривично ќе се одговара
-
Брнабиќ: Незгодно е да отидам во Црна Гора, земјата од кај ни протераа амбасадор
-
Царовска на состанок со директорите: Законска обврска на МОН е да организира матура за учениците кои се пријавија за полагање
-
Карантин при влез во Германија, доколку граѓаните престојувале во ризично подрачје од Ковид-19
-
6 починати и 63 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
Тарандилис: Грција како земја ги почитува договорите и меѓународните обврски