Воспитувачи од шест земји разменуваат искуства во штипската градинка „Астибо“
Дванаесет воспитувачи од од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Српска и Северна Македонија се дел од работилниците кои се одржуваат во штипската градинка „Астибо“. Директорката на ОЈУДГ Астибо– Штип, Билјана Трајчевска вели дека нивната градинка како член на балканската асоцијација на воспитувачи „Бапта“ има чест во периодот од 30 септември до 4 октомври да биде домаќин на размената на воспитувачи.
Дванаесетте воспитувачи во нашата градинка работат во воспитните групи заедно со нашите колешки. Секое попладне се организираат слободни активности, па така се организираше посета на културно историските знаменитости на Штип, посета на Скопје, едукативна работилница со професорка Билјана Попеска од Универизтетот „Гоце Делчев“, а денеска се организира округла маса на која учество земаат професори од Педагошкиот Факултет, членови на УО на Бапта, директори на градинки, претставници на локалната власт,воспитувачи и стручни работници од градинките, вели Трајчевска.
Забележува дека целта на оваа размена на воспитувачи е подобрување на соработката меѓу детските градинки од овие држави, размена на искуства и секако дружење
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот