Воспалението на бели дробови - најголем убиец на децата помлади од пет години

Воспалението на белите дробови е акутна инфективна болест на дишните патишта, од која во светот годишно најмногу умираат деца под петгодишна возраст. Тоа значи дека оваа болест е причина за смртта на малите деца многу повеќе отколку дијареја, маларија и сипаници заедно, објави организацијата „Спасете ги децата“ (Save the Children) со седиште во Лондон.
Во 2015 година од воспаление на белите дробови, во светот смртно настрадаа околу 920.000 деца, помлади од пет години.
Организацијата соопшти дека од таа инфективна болест умираат 99 отсто од заболените деца во земјите во развој. Повеќето заболени се од семејства кои немаат пристап ниту до вакцини, ниту до антибиотици, со кои би се спречиле дури 70 проценти од смртните исходи, а кои чинат само 40 долари, се наведува во извештајот.
Организацијата „Save the Children“ наведува дека во текот на 2015 година во Сомалија и Чад од таа акутна болест починале 32 од 1.000 деца помлади од пет години, што е најголема бројка во светот. Во третата африканска земја, Ангола соодносот е 27 на 1.000 деца.
И покрај податоците, според кои на светско ниво, бројот на деца помлади од пет години кои починале од пневмонија глобално е намален за 47 отсто во периодот од 2000 до 2015 година, во некои земји во развој таа бројка се уште е превисока.
Организацијата за заштита на децата ги повикува сите политички челници да ја стават на врвот на листата на приоритети борбата против пневмонијата.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
