Балкан
3. July 2019 - 20:49

Вооружен маж упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Црногорскиот државјанин Бранко Л.(42) денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат, извадил пиштол и побарал од благајникот и сметководителот, кои биле во просторијата, 200.000 евра, како што објави ТВ Пинк “за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Еден од заложниците успеал да ја повика полицијата која реагирала и успеала да го совлада и да го разоружа напаѓачот кој поседувал пиштол марка „берета 765“. Во инцидентот никој не бил повреден.

По приведувањето, полицијата утврдила дека станува збор за Бранко Л. кој бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.

Во консултација со обвинителството против него ќе биде покренаната постапка.

Во врска со инцидентот, Патријархот Иринеј изјави дека ниту малку не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра, а од Кабинетот на патријархот изјавија дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднал во просторијата до вратата на Патријархот и дека преговорите со напаѓачот траеле повеќе од еден час.