Македонија
8. March 2022 - 16:39
Вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје
Вооружен грабеж на УНИ банка среде пладне во Скопје. Во експозитурата влегле тројца, им заканиле на вработените со оружје и одзеле за сега непозната сума на пари. Еден од нив испукал и куршум на излегување од банката која се наоѓа на ул. „Народен Фронт“ во Капиштец. Во инцидентот нема повредени.
Извори за Сител велат дека пукањето било насочено кон еден од лицата кои ја обезбедуваат банката. Во моментот на грабежот во експозитурата немало клиенти.
Полицијата најинтензивно трагаше по нив во реонот на Капиштец и Водно.
Од МВР соопштија дека грабежот е пријавен во 12 ч 35 мин во полициска станица Центар.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->