Македонија
22. јуни 2020 - 16:30

Вонредната состојба детектира низа слабости во функционирањето на системот

Безбедносните експерти детектираа низа слабости во функционирање на ситемот во услови на кризна и вонредна состојба која ја наметна пандемијата. Според нив прва задача на новото собрание треба да биде донесување закон за вонредна состојба со кој ке се прецизираат надлежностите и одговорноста на институциите.

Од факултетот за безбедност препорачуваат реформи во ситемот за управување со кризи, регулирање на улогата на Бирото за јавна безбедност, особено од аспект на функционалноста и раководење на полицијата , дорегулирање  на работата на Агенцијата за национална безбедност во услови на вонредна ситуација, како и утврдување на надлежностите  на локалната самоуправа и координација со централната власт, без оглед на разликите во политичките убедувања мегу двете. Според безбедносните експерти, во кризните ситуации неопходна е единствена државна проценка на ризиците и заканите, превенција на истите, јакнење на свеста и совесноста  кај граганите како и мобилизација на верските заедници и невладините организации.