Вонредната економска состојба во Венецуела продолжена за уште два месеца
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи за 60 денови вонредната економска состојба во државата.
Од средината на јануари храна се распределува со купони и во продавнциите недостасуваат елементарни стоки. Во сила е и режим на испорака на струја.
Мадуро во обраќање до нацијата рече дека ја донел одлуката бидејќи тоа според него е можност да се победи во економската војна што се води од државата, но и од надвор. Тој нагласи дека државата се соочува со закана однадвор.
– Должен сум да ја заштитам стабилноста и суверенитетот и правото на народот да живее слободно, мирно и независно, потенцира Мадуро.
За денеска во Каракас се планирани антивладини протести за кои многумина стравуваат дека може да прераснат во насилство.
Незадоволството во државата од економската криза беше главна причина за поразот на Единствената социјалистичка партија на Мадуро на изборите во декември 2015 година. Опозицијата успеа за првпат по 17 години да добие мнозинство во парламентот.
Ново на Сител
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти