Македонија
9. October 2016 - 11:59

Вонредна временска прогноза, од утре големо невреме

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно време со кратки сончеви периоди  и со повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени и  со ретки грмежи.

Локално особено западните и  северозападните делови на земјава  врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврнат над 25 литри на м/2  воден талог.

В среда сеуште ќе има врнежи од дожд, но се очекува да бидат послаби и локални.

Потоа следува период на стабилно и суво време.