-->
-->
Вонредна временска прогноза од УХМР
-->

И утре ќе се задржи претежно сончево и топло време Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.
Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
