Вонредна седница на Генералното собрание на ОН, на која ќе се гласа за резолуција за прекин на огнот во Газа
Генералното собрание на ОН денеска треба да гласа за итен прекин на огнот во Појасот Газа, неколку дена откако САД ставија вето на слична резолуција предложена во Советот за безбедност.
Овој предлог го поднесоа група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка, јавува Би-Би-Си.
Седницата на Генералното собрание на ОН е закажана за 15:00 часот по локално време, односно 21:00 часот по средноевропско време.
САД во петокот ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, која дојде откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш свика итна седница според ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН за да го привлече вниманието на Советот за безбедност на „секое прашање што може да го загрози меѓународниот мир и безбедност“.
Ниту една земја нема право на вето во Генералното собрание од 193 члена.
За разлика од Советот за безбедност, резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки, иако го одразуваат глобалното мислење.
Од почетокот на војната, Советот за безбедност шест пати не успеа да усвои резолуција со која се бара прекин на огнот во Газа поради несогласувањата меѓу неговите 15 членки.
Ново на Сител
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
-
Мицкоски: Владата потврди 270 општински проекти за кои ќе се вложат 4 милијарди денари
-
Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово
-
Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието
-
Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци
-
Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци
-
Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа